Заврши постот на Манчестер Јунајтед од шест години без трофеј. ,,Црвените Ѓаволи” се освојувачи на Лига или популарниот „Карабао“ куп, откако го совладаа Њукасл со 2-0.
Ова е прв трофеј за Јунајтед по пауза од 6 години, кога последниот трофеј ,,Црвените Ѓаволи” под водство на Жозе Мурињо го освоија трофејот во Лигата на Европа.
Резултатот го отвори Бразилецот Касемиро, кој во 33-тата минута искористи одличен центаршут на Лук Шо, и со прецизен удар со глава го совлада противничкиот голман. Шест минути подоцна предноста на Јунајтед се зголеми откако несреќниот Ботман го совлада својот голман.
Со овој пораз во финалето на Њукасл продолжува нивното проклетство без трофеј. Тимот на Њукасл чека титула од далечната 1955 година, кога последен пат се радуваше на трофеј во ФА купот.