Тимот на Алмерија го приреди изненадувањето на 23 коло во шпанската Примера, откако на домашен терен со минимални 1-0 го шокираше лидерот на табелата, Барселона.
Победничкиот гол за Алмерија беше дело на Туре во 24 минута од натпреварот.
Тимот на Чави беше непрепознатлив на овој натпревар и речиси и да немаа ниту една сериозна шанса да го изедначат натпреварот и да дојдат барем до бод.
Ова е втор пораз во лигата на моменталниот лидер, Барселона, која останува на челната позиција со 59 поени, 7 поени повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид.