Со натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров попладнево ќе стартува 20-коло во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани кои во претходното коло одиграа 1-1 на гостувањето во Кавраци кај Тиквеш, во оваа рунда влегуваат само со бод повеќе од второ пласираниот тим на Шкупи, кој патем има одиграно еден натпревар помалку (17) од конкурентот за титулата Струга (18).
Тимот од Чаир утре во дербито на колото гостува во Кратово кај четврто рангираниот Силекс кој исто така има 17 одиграни средби, бидејќи во претходното коло беше слободен.
Сите натпревари од 20-тото коло во ПМФЛ започнуваат во терминот од 14 часот, а двојките се:
СТРУГА Т.Л. – МАКЕДОНИЈА ЃП
СИЛЕКС – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
Слободна во ова коло е екипата на Академија Пандев.
ТАБЕЛА
1 СТРУГА Т.Л. 38 бодови
2 ШКУПИ 37
3 ШКЕНДИЈА 28
4 ТИКВЕШ 27
5 СИЛЕКС 26
6 БРЕГАЛНИЦА 22
7 РАБОТНИЧКИ 21
8 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 20
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15
10 ПОБЕДА 13
11 СКОПЈЕ 12