Настапот на машката сениорска репрезентација на Македонија, разбирливо е причината поради која викендов на домашната кошаркарска сцена се играат само натпреварите во второлигашката конкуренција, не и Првата лига.

На програмата се дуелите од 16.коло во кое двете водечки екипи на табелата Вардар и Соколи забележаа убедливи победи.

Вардарци на домашен терен го совладаа велешки Борец со 25 разлика додека штипските Соколи беа уште поубедливи, поразувајќи го Баскет Кам и тоа на гостински терен со 30 разлика.

Охрид со очекуваната победа во „езерското дерби“ над Струга, за момент се проби на 4. место на табелата, на која напредуваше и Куманово со минималната победа на гостувањето кај Шкупи.

Промени на табелата сигурно ќе има бидејќи остануваат да се одиграат двата скопски дуели и тоа дербито меѓу Ангели и Работнички, како и средбата меѓу Водно Санс и МЗТ 2 екипи кои се борат за место во плеј-офот.

РЕЗУЛТАТИ ОД 16.КОЛО ВО ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА
Вардар – Борец 104-79
Баскет Кам – Соколи Штип 56-86
Охрид – Црн Дрим 73-55
Шкупи – Куманово 65-67
Водно Санс – МЗТ Скопје У.Б во среда (01/03/2023 од 15:50 часот)
Ангели – Работнички во четврток (02/02/2023 од 21 часот)

#ТАБЕЛАБОДНАТПОБПОР+/-
1ВАРДАР3016142263
2СОКОЛИ 19332816124107
3РАБОТНИЧКИ 2018261511436
4ГКК ОХРИД261610635
5АНГЕЛИ2515105109
6МКК КУМАНОВО24168840
7МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА22157859
8ВОДНО САНС22157857
9ШКУПИ2216610-57
10БОРЕЦ БАСКЕТ2216610-149
11БАСКЕТ КАМ1916313-140
12ЦРН ДРИМ 0071616016-360