Победата на Данска над Норвешка и оди во пролог на македонската кошаркарска репрезентација кој вечерва беше поразена на гостувањето кај Словачка.
Данците за кои ова беше прва победа во претквалификациите славеа со 69-61, со што ги остави Норвежаните да две победи помалку од нашата селекција, со тоа и без теоретски шанси за освојување на првото место во групата.
Но, со тоа не заврши работата за македонската селекција. Напротив, црвено-жолтите ќе мораат сами да го сторат тоа и да победат на гостувањето во Осло, кај Норвешка во недела, доколку не сакаат да зависат од второто натпревар во кој Данска ќе ја пречека Словачка.
Доколку, ние загубиме, а Словаците победат тогаш двете репрезентации ќе имаат ист „сор“ од 4 победи и 2 порази, што ќе и одговара на Словачка бидејќи таа победи со 9 поени разлика, а ние ја совладавме во Скопје со 4, па Словачка ќе заврши како прво пласирана, а Македонија на второто место.
Табелата во пресрет на последното коло е следната:
Македонија 9 бодови (4-1 победи-порази),
Словачка 8 (3-2)
Норвешка 7 (2-3)
Данска 6 (1-4)