Првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите меѓу германскиот Лајпциг и Манчестер Сити заврши без победник 1-1.
Гостите од Англија, стигнаа до водство од 1-0 по одличната асистенција на Гундоган кој Ријад Марез кој со удар од 15-тина метри го совлада домашниот голман Бласник.
Во вториот дел. Марез имаше шанса и за втор гол, но неговиот обид беше изблокиран. Во продолжението домаќините беа оние кои вршеа притисок и создаваа шанси, а гостите со брзи контри се обидуваа да стигнат до втор погодок.
Таквата иницијатива на домаќините вроди со плод во 70-тата минута, кога по корнерот од левата страна, највисокото во шеснаесетникот на Сити, скокна хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол и го глава ја заби топката во мрежата на Едерсон.
До крајот на мечот, избраниците на Пеп Гвардиола се обидуваа повторно да стигнат до предност, но сите не дојде до промена, па резултатот остана 1-1.
Така, патникот во четвртфиналето ќе се решава на реванш натпреварот во Манчестер закажан за 14 март.