ЕКИПА или РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!?
И после чудете се зошто губиме по 40-50 разлика!

За многумина импресиите од завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија сеуште не се завршени. Но, има и такви кои веднаш ги заборавија натпреварите.

Ние сме во првата категорија, на љубители на кошаркарската игра кои сакаат добар „баскет“, атрактивни потези и пред се промоција на млади македонски таленти (во случајов кошаркарки и кошаркари). Некому овој текст нема да му се допадне, а некому (верувам најголемиот дел од искрените вљубеници во овој спорт) и тоа како ќе му се допадне и ќе се согласи со нашата анализа.


Инспирација ни е „успехот“ на женскиот колектив на МЗТ Скопје Аеродром. Тим кој егзистира само три сезони, а веќе („со макотрпна работа“), успеа да стигне и до трофеј, во случајов Купот. Пред да минеме на анализата, уште еднаш да им го честитаме освојувањето на трофејот на аеродромки, ќе се вратиме само неколку денови назад пред завршницата на Купот.

Женската сениорска репрезентација на Македонија по 10 години пауза успееја да оствари победа совладувајќи ја БиХ со два разлика 68-66 (9 февруари), можеби не истата Босна која во Скопје не победи со 16 разлика. Но, само три дена подоцна (12 февруари) Белгија не врати во реалноста и не декласира среде Скопје со 59 поени разлика 43-102. И добро поминавме на првиот меч загубивме со 71 разлика. Да бидеме реални. Оние кои знаат што значи Белгија во светската кошарка и нема да се зачудат. Победата над Босна не израдува сите, освен домаќините во Сараево, кои се чудеа како Македонија забележа победа!?
Но, тоа е нивни проблем не наш, а нам ни останува да заклучиме, имале тие проблеми во федерацијата, репрезентацијата или не, нашите девојки апсолутно заслужено победија. 

И сега се прашувате. Што ова има врска со Купот на Македонија!? Е па еве што.
Земете го само составот на репрезентацијата и ќе видите дека нашите главни кошаркарки се на „печалба“ во странство. Без нив би биле само „топовско место“ за противниците (како многупати во изминатите 10 години). ФАКТ 1.

Без Митрашиновиќ, Трајчевска, Кметовска, Антиќ, Стојановска, ни остана само младата Милица Николиќ која беше единствената во тимот што успеа да се впише во листата на стрелци и тоа постигнувајќи го можеби клучниот кош за победа против Босанките. ФАКТ 2.

Уште колку горе споменатите пет кошаркарки ќе можат сами да го носат товарот на секој натпревар, е прашање на време, кои полека но сигурно изминува, па треба да очекуваме некои нови млади генерации да ги наследат?

А, имаме ли кој!? Тешко. Не ни помислувате само да ја отворите архивата на постигнатите резултати во младинските категории години наназад затоа што ќе наидете и на податоци дека Македонија имала НУЛА (0) во некоја четвртина.Трагедијата на женската кошарка во Македонија да е уште поголема е фактот што федерацијата (КФСМ) реши претстојното лето да пријави само една селекција во младинските категории.
За тоа не ви е крив коментар на Фејсбук, во кој Павловски праша „Дали ова е почеток на крај на женската кошарка …..“, кој патем беше избришан од федерацијата, а со кој, гледајќи од ова перспектива, сите може да се сложиме

И сеуште не ви е јасно што има врска тоа со Куп трофејот на дамите на МЗТ!?
Епа еве погледнете ја следната табела и верувам ќе ви биде повеќе од јасно.

Секоја чест на Американките, Симонс и Ли, тие „залутале“ во нашата лига. Девојките вредат многу, многу повеќе.
Што со нашите млади кошаркарки!? Што со оние кои еден ден треба да бидат „носителки“ на македонската репрезентација!?
И не е проблемот кај нив. За да биде остварена „целта наречена трофеј“, освен Теа и Марија Митреви, како и Ана Живковиќ, тимот на МЗТ ги одигра двата натпревари (полуфинале и финале) само со пет (5) кошаркарки. Упсссс…. Јана Петрова играше 14.секунди во полуфиналето со Вардар.

Да не беше трагично можеби ова ќе ви беше смешно, но ситуацијата е за плачење.
Немој да ми речете како вие сте вложувале многу, сте работеле макотрпно, бидејќи, ова не е резултат на таквата работа, туку резултат на одличните Американки.

А, репрезентацијата, а Македонија!? Е, таа е небитна. Резултатите на репрезентациите не носат „ваучери“ (читај пари), туку само освоените места, пехари, и по некоја кошаркарка што ќе се најде во составите на селекциите, без притоа да има било каква улога (да не зборам за позначајна – да биде носител).
Трагедијата да е поголема, МЗТ Скопје само го продолжи трендот кој беше воспоставен неколку сезони наназад и од други екипи. Ниту тие не може да бидат амнестираат.

Па затоа господа кошаркарски „стручњаци, работници, функционери итн, итн“, зафатете се за работа, не измислувате топла вода (вклучете бољер) или уште подобро прво пуштете им греење на девојчињата, за да не ги изгубите и оние малку што ги имате.

А, ние сме тука за нив, но и вас. Да ја следиме вашата работа, нив да ги промовираме и мотивираме да останат во оваа прекрасна игра што се нарекува кошарка.

Секое поистоветување со текстот е само потврда повеќе на она што го пишуваме, без разлика дали станува збор за кошарката, ракометот, одбојката или останатите спортови во Македонија.

НИЕ ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ НАШАТА МИСИЈА!

sport+ logo