,,Бркотницата” во Германската Бундес Лига продолжува. По поразот на Баерн вчера и нерешениот натпревар на Унион Берлин со кои двата тима се изедначија со по 43 бода, денес Борусија Дортмунд со убедливата победата над Херта на домашен терен со 4-1, им се приклучи на врвот.
Избраниците на Един Терзиќ играат во одлична форма, па денешната победа беше шести успех по ред во Германската Бундес Лига и осма победа по ред во сите натпреварувања.
Резултатот го отвори Адејеми во 27-та минута на асистенција на повратникот во тимот Марко Ројс. само шест минути подоцна, Адејеми беше во улога на асистент а Мален погоди за 2-0.
Херта тргна силно во вториот дел и по само две минути успеа да намали на 2-1 со голот на Лукас Тосарт. Тренерот на Херта, Сандро Шварц фрли се на една карта и уфрли четири офанзивни играчи, но неговиот тим наместо да дојде до изедначување, Марко Ројс jа зголеми предноста на Борусија во 76-тата минута, со што го реши и победникот. До крајот на натпреварот, Бранд само ја зголеми победата за конечни 4-1.
Со оваа победа Борусија се изедначи на врвот со Унион Берлин и Баерн Минхен со по 43 бода.