Серијата победи на Наполи продолжи и вечерва на гостински терен кај Сасуоло, каде избраниците на Спалети со сигурни 0-2 дојдоа до осмата победа во низа.
Двајцата најефикасни играчи оваа сезона во редовите на Наполи, Квадрасцкелија во 12-та минута и Виктор Осимен во 33-тата го поставија конечниот резултат.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас по пауза од три натпревари се врати во стартниот состав и играше до 85-тата минута кога беше заменет од Зербин.
За избраниците на Спалети ова е дваесетта победа оваа сезона од 23 натпревари за убедлива прва позиција со 62 поени, 18 повеќе во однос на второпласираниот Интер.