Кошаркарките на Баскет Кам ќе имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Македонија.

Екипата од Македонска Каменица е првата која обезбеди пласман во финалето, откако попладнево во полуфиналната пресметка со Бадел славеше победа со 70-61.

Во два наврати од првото полувреме, бранителот на трофејот беше во серија, која им донесе сосема солидна предност. Иако по третата четвртина која „баделки“ ја добија со 25-23, предноста беше намалена, сепак скопската екипа немаше сили до крај да ја анулира негативата, па тимот на Баскет Кам сосема заслужено славеше победа.

За екипата од Македонска Каменица утрешното ќе биде трето финале во низа, а кој ќе биде нејзин предизвикувач ќе видиме по мечот меѓу Вардар и МЗТ Скопје Аеродром.

.