Боро Смилковски тренерот на актуелниот бранител на куп трофејот ТФТ Моцарт, се по победата над Работнички во четвртфиналето и закажаниот полуфинален меч со МЗТ, се надева дека медиумите во сабота вечер повторно ќе пишуваат дека „ТФТ е го одбранил трофејот“.
„Уште пред стартот на Купот кажав дека очекувам 50-50 натпревар и дека некоја топка и моментална инспирација ќе решава. Навистина беше тешко, отворивме добро… Работнички се врати, а клуч за нас беше третата четвртина кога во дефанзивата покажавме агресивност и дојдовме до лесни транзициски поени, па ја задржавме таа позитива до самиот крај. Ова е прв меч од трите, лани сонувавме за чудо, немојте да мислите дека оваа година не го посакуваме пак. Се надевам дека ТФТ преку „вечните“ ќе закаже дуел против Пелистер“- најави Боро Смилковски по првата победа на турнирот во СРЦ „Кале“.
Дуелот меѓу ТФТ Моцарт и МЗТ Скопје Аеродром на програмата е утре од 17 часот.