Македонскиот шампион Вардар со победа го започна плејоф сегментот на натпреварите до ракометното првенство на Македонија.
Вардарци на средбата одиграна попладнево во СЦ „Јане Сандански“, очекувано забележаа победа над Пролет со 30-23 (17-14).
Иако во поголемиот тек од мечот екипата напролет беше рамноправен противник за што говори и резултатот, сепак црвеноп-црните не им дадоа шанса за поголемо изненадување, па рутинирано ја одиграа завршницата и заслужено славеа со седум голови разлика.
Најдобар играч на теренот беше Јан Чувара кој постигна дури тринаесет погодоци, додека кај Пролет се истакна Василевски со пет гола.
Во следното коло, Вардар и гостува на Струга, а Пролет ја пречекува екипата на Тиквеш.
П | ТАБЕЛА | Н | П | Р | И | ДГ | ПГ | ГР | Б |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | РК Вардар 1961 | 1 | 1 | 0 | 0 | 30 | 23 | +7 | 6 |
2 | РК Еурофарм Пелистер | 1 | 1 | 0 | 0 | 27 | 23 | +4 | 6 |
3 | ГРК Охрид | 1 | 1 | 0 | 0 | 26 | 23 | +3 | 3 |
4 | РК Алкалоид | 1 | 0 | 1 | 0 | 31 | 31 | 0 | 3 |
5 | РК Пролет 62 | 1 | 0 | 0 | 1 | 23 | 30 | -7 | 2 |
6 | ГРК Тиквеш 2014 | 1 | 0 | 1 | 0 | 31 | 31 | 0 | 1 |
7 | РК Еурофарм Пелистер 2 | 1 | 0 | 0 | 1 | 23 | 26 | -3 | 1 |
8 | РК Бутел Скопје | 1 | 0 | 0 | 1 | 23 | 27 | -4 | 1 |