Дерби дуелот од 2.коло на Фазата 1 во одбојкарското првенство на Македонија, одиграно попладнево во Струмица го оправда приматот.
Актуелниот првак Струмица Никоб беше домаќин на Шкендија во мечот во кој се одиграа максимални пет сета.
Домаќините го добија првиот со 25-17, а гостите со иста мерка 25-17 возвратија во вториот. Тоа беше првиот загубен сет сезоната за Струмичани, кои одиграа лошо и во третиот сет кој Шкендија го доби со 25-21 за водство од 2:1.
Тоа како да ги разбуди домаќините па во четвртиот го подигнаа нивото на игра во блокот и со 25-19 го израмнија резултатот на 2:2 во сетови.
Во решавачкиот петти сет, вистинска драма. Шкендија не искористи меч топка при водство од 14-12, но по сервис грешката на домашниот играч Глобоцки, тетовската екипа беше онаа која го доби сетот со 15-12, а со конечни 3:2 и мечот.
Ова е прв пораз сезонава за Струмица во 12-тиот одигран меч, па сега двата тима имаат ист „скор“ на првите две позиции на табелата, со што најавуваат дека токму овие две екипи ќе бидат и главните претенденти за трофеите во првенството и Купот на Македонија.
На останатите средби (одиграни изминатиот викенд) од оваа рунда беа постигнати овие резултати:
Работнички – Лирија 3:1 (25:16, 21:25, 25:17, 25:13)
Весна Пробиштип – ГОК Борец 0:3 (17:25, 13:25, 9:25)
Струмица Никоб – Шкендија (денеска, 17.55, МРТ-3)
ТАБЕЛА:
1. Струмица Никоб 11-1,
2. Шкендија 11-1,
3. ГОК Борец 10-2,
4. Работнички 7-5,
5. Лирија 6-6,
6. Весна Пробиштип 6-6.