Супер талентираната млада македонска скијачка Јана Атанасовска продолжува да импресионира со своите настапи.
Јана денеска го оствари најдобриот пласман во историјата на Македонија, кога во прашање е женското скијање.
Нашата надеж, 16-годишната Јана Атанасовска, на денешната велеслалом трка на патеката Форни ди Сопра во Италија успеа да оствари апсолутно најдобар резултат во досегашната историја на македонското женско скијање.
Со одличниот резултат од 64,21 ФИС точки таа се пласираше во Топ 3 во категорија до 18 години, односно на 6то место во финалниот пласман.