На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, пријателски натпревар одиграа тимот на Струга Трим Лум и Воска, кој заврши со 0:2 во полза на прволигашот од Струга.
Ова беше последна “генералка“ за есенскиот првак пред стартот на продолжението, а стрелци на головите беа Мухарем во 43-та и Ибраими во 73.минута,
Избраниците на Срѓан Захариевски беа далеку подобар противник,имаа повеќе од играта и демострираа дека се во добар ритам за продолжението на сезонaта во која ќе се обидат да дојдат до историска прва титула.