Тимот на Њукасл никако да го фати ритамот од првиот дел на полусезоната, па на последните шест натпревари дури пет пати одигра реми.
Избраниците на Едие Хови, денес на гостувањето кај Борнмут освои само бод, а мораше да се враќа и од негатива.
Домашниот тим преку Сенеси во 30-тата минута дојде до голема предност од 1-0. Во 45-тата минута Њукасл преку Алмирон се врати и изедначи на 1-1.
Резултатот остана непроменет до крајот на натпреварот, реми кое Њукасл го губи чекорот со најдобрите. Со 41 бод се наоѓа на четвртата позиција и само два бода предност пред Тотенхем со натпревар повеќе.