Избраниците на Гордан Петриќ ќе сакаат да ја заборават вечерта и натпреварот против Младост ГАТ, откако на домашен терен беа буквално понижени со 0-4.
Се почна како по ноти за гостите, па уште во третата минута Гал донесе предност со 0-1.
Веќе во единаесеттата минута предноста беше 0-2, откако Бразилецот Дел Бело ја затресе мрежата на Поповиќ.
Бајката на Младост продолжи и во вториот дел, Максимовиќ во 54-тата минута од пенал зголеми на 0-3, а Немања Милиќ во 58-та минута погоди за убедливи 0-4.
Партизан со 46бода повторно заостанува двоцифрен број на бодови во однос на Звезда која е неприкосновена на врвот со 57.