Лидерот во Премиерлигата, Арсенал во мини криза, втор натпревар без победа.
Избраниците на Артета на домашен терен против Брендфорд освоија само бод, 1-1.
Новото засилување, Леонардо Тросард во 64-тата минута донесе предност од 1-0.Изедначување за голем бод на Брендфорд донесе Иван Тонеј во 74-тата минута.
Арсенал останува лидер на табелата со 51 бод, шест повеќе во однос на второпласираниот Манчестер Сити.