Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразено од Морнар со 93-84 во натпревар од 19.коло на АБА лигата, одигран на гостински терен во Црна Гора.
Дуелот во Бар, мина во израмнета кошарка, во која двата тима има свои периоди на игра, за што говори и резултатот (парцијално) во првите три четвртини, по кои резултатот беше израмнет, 27-26, 19-20 и 22-22, за во последниот период да се влезе со израмнети 68-68.
На стартот н последниот кварта, домаќините направија серија од 11-2, и поведоа со девет поени разлика (79-70) што на крајот се покажаа како решавачка предност.
Сино-белите се обидуваа да ја надополнат негативата, но тоа не им успеа, па го впишаа 16-тиот праз со што заостанаа уште еден чекор помалку во однос на конкурентите за опстанок во лигата.
Американското трио, Абу 20, Кук со 17 и Кефи со 13 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека кај домаќините Глас постигна 26, а Пецарски 24 поени.
Во следното коло закажано дури за 3 март, МЗТ ќе го пречека составот на ФМП.
Во меѓувреме аеродромци во понеделник ќе го одиграат мечот во домашното првенство со Академија ФМП, а потоа следува и настапот на завршниот турнир на Купот на Македонија.