Голманот на македонската ракометна репрезентација и член на Порто Никола Митревски имаше одличен настап во првата победа на неговата екипа во сезонава во Лигата на шампионите. Португалскиот првак го совлада Динамо Букурешт 32:23 (14:13), а Митревски собра набрзина три одбрани во првиот дел од првото полувреме.
Со овој триумф тие ги задржаа шансите за пласман во следната фаза. Порто се наоѓа на последното место на табелата во А групата со три бода.
На другите дуела од 11.коло одиграни вчера ПСЖ славеше на гостувањето кај Загреб со 33:30, додека ГОГ победи на гостински терен кај Веспрем 37:36.
Денеска се играат другите пет дуели од оваа рунда: Алборг – ПИК Сегед, Кил – Киелце, Барселона – Елверум, Нант – Цеље и Висла Плоцк – Магдебург.