Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле и официјално ја изразија својата подготвеност, заеднички да го организираат Светското фудбалско првенство во 2030 година.
Четирите земји на заедничка прес-конференција во Буенос Аирес, официјално ја претставија својата кандидатура.
Тие се надеваат дека ќе ја добијат организацијата на јубилејниот Мундијал, односно на 100-годишнината од првото СП чиј домаќин во 1930 година беше Уругвај.
Но, веројатноста е мала имајќи во предвид дека американскиот континент ќе биде домаќин на следниот Мундијал во 2026-та што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Реално, најголеми шанси светскиот фудбалски собир во 2030-тата е да се одржи на европско тло, а според најавите тоа би била заедничка организација на првенството на Шпанија Португалија.