Натпреварите во Кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ во машка и во женска конкуренции, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, а организатор ќе биде МКФ, информираа од федерацијата.
Осумте најдобри екипи во машка конкуренција ,односно четирите најдобри екипи во женска ќе настапат за турнирот од 16 до 18 февруари.
Бранители на трофеите се екипите на ТФТ од Скопје, во машка конкуренција, односно Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица во женска конкуренција.
Комплетните двојките за завршницата на Купот на Македонија може да ги видите овде.