Одличен викенд за македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, кој го освои второто место на меѓународниот митинг “MASZ Indoor Competition” во Будимпешта, Унагарија.
Ивановски трката на 3.000 метри ја истрча со време 07.59.51, што е само за секунда поспоро од националниот рекорд кој е во негова сопственост.
Ова е најдобар резултат за Дарио оваа сезона. Ваквите резултати се одлични шанса за Ивановски за настап на Европското првенство во сала кое ќе се одржи од 2-5 март во Истанбул.
Токму во Истанбул е следниот настап за Дарио каде ќе се обиде да стигне до нова титула балкански шампион на 3.000 метри и да го освои јубилејниот 10ти медал на балканијадите.