Данецот, Каспер Кисум е нов играч на Еурофарм Пелистер

30-годишниот лев бек Каспер Кисум доаѓа во Битола од тимот на Сондерјуске, а во својата кариера настапуваше за тимовите на Рингштед, Нордсјаленд, Фленсзбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз. Кисум за неколку дена ќе му се стави на располагање на тимот и стручниот штаб. Официјалното претставување е предвидено следната недела во клупските простории.

Данецот наскоро треба да му биде на располагање на тренерот Ларс Валтер а доаѓа како засилување со цел да се пополни оваа позиција, бидејќи пелистерци имаат проблеми со повредени играчи на ова место.