МОК бара замрзнување на постапката за издавање на спортскиот ваучер
Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) бара итно ЗАМРЗНИВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА за издавање на спортскиот ваучер кој спортистите и спортските субјекти со нетрпение го очекуваат.
Во информацијата испратена до медиумите, МОК посочува на низа неправилности околу актуелната распределба на 10-те милиони евра, што државата ги одвојува за спортот, по основ на така-наречер „СПОРТСКИ ВАУЧЕР“.
Во информацијата испратена до медиумите од МОК се вели:
Почитувани претставници на медиумите, драги спортски пријатели.
Ви се обраќаме со нашиот став насочен кон Агенција за млади и спорт на Северна Македонија, организација која е одговорна за сите клучни одлуки за спортот во државата. Целејќи кон добро владеење, МОК како највисоко спортско тело во државата на транспарентен начин го изразуваме нашето незадоволство кон АМС, која наместо да го поддржува развојот на спортот и да се насочи кон доброто на спортистите и спортските институции продолжува со коруптивни практики. Ви испраќаме во прилог јавен допис кој е веќе доставен и до Владата на Република Северна Македонија и бараме од Вас јавно да го објавите до пошироката јавност.
Во продолжение може да го прочитате (и преземете) дописот што МОК го упатил до Вицепремиерката на Владата, Славица Грковска, или ОТВОРЕНОТО ПИСМО ДО ВЛАДАТА како што стои на објавата на официјалната веб страна на МОК