Кошаркарите на МЗТ Скопје утре ги очекува нов предизвик во АБА конкуренцијата и дуелот со еден од претендентите за највисок пласман Цедевита Олимпија.
Нималку лесна задача има новиот тренер на ародромци Драган Николиќ кој и самиот по последниот меч до Спортски Центар Дерби, упати критики кон неименувани свои играчи.
Српскиот стратег и пред утрешниот меч со љубљанчани го потенцира истото, очекувајќи дека овојпат енергијата ќе биде како на средбите пред онаа во Подгорица.
„Против себе ќе имаме екипа од Еврокупот, која е меѓу четирите најдобри во АБА и која е предводена од квалитетен тренер со континуитет во работата. Лидери се Ферел, Адамс и Омиќ, а важат за одлична шутерска екипа предводени од Јеремиќ. Цедевита Олимпија има фантастичен напаѓачки потенцијал и не случајно е таму каде што е. Нашиот здравствен билтен е далеку поповолен, а играчите се освежени бидејќи неделава немаа натпревар туку само тренираа. Очекувам енергијата да биде на максимално ниво, како на претходните неколку домашни средби, но не и како минатиот дуел кај СЦ Дерби. Само со таков пристап и игра ќе може да се надеваме на поволен резултат“,
вели тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ.
Утрешниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Цедевита Олимпија започнува од 17 часот.