Тимот од Баскија конечно успеа да ја прекине лошата серија без победи во шпанска Примера и вечерва со убедливи 4-1 да запише три бода против Кадиз.
Атлетик Билбао последната победа во Примера пред вечерашната ја имаше во месец Ноември, пред паузата за светското првенство, а оттогаш со низата од три порази и две нерешени средби испадна од зоната која вода во Лигата на Шампионите.
Јунак во вечерашната победа на Билбао беше Санкет Типау кој постигна хет-трик (10, 35,70), а стрелец за Билбао беше уште и Јерај Алварез во 44-тата минута од натпреварот. Во гостинскиот тим, единствениот гол го постигна Гонзало Ескаланте во 25-тата минута од натпреварот.
Со оваа победа Билбао се врати во борбата а место кое носи излез во Европа, па со 29 бода е на 7 позиција.