Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го почна настапот на новиот фјучрс турнир во Монастир, Тунис. Тој во првото коло го победи квалификантот Американецот Ендрју Роџерс со 2-0 во сетови (6:3 и 6:3) за полмалку од 90 минути.
Нашиот тенисер имаше 4 брејка од 11 можности и еден загубен гем на свој сервис.
Во следното коло утре ќе игра против Олаф Пјачковски, кој со 2-1 во сетови го победи Андреа Пиционе од Италија.
Ивановски кој оваа недела ја почна и со својот најдобар ранг во кариерата на турнирот е прв фаворит односно прв носител. Тој се наоѓа на 534 место на АТП листата.