Младата македонска одбојкарка Елена Пандев го имаше своето деби во италијанскиот тим Феникс Монополи.
Пандева која во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Струмица, се пресели во италијанското првенство, а тау со својата нова екипа Фенкс Монополи ќе настапува во Серија Ц1.
За македонската репрезентативка ова е веќе четврто меѓународно искуство, откако сезоната 2015/16 настапуваше во грчкиот шампионат во редовите на Ираклис, а наредните две сезони (од 2016 до 2018 година) играше во српското првенство за екипите на Ваљево и Србјанка.
Елена која е единствената странска одбојкарка во редовите на овој клуб, има договор до крајот на сезонава, во која тимот на Феникс Монополи кој е во моментов второ рангиран на табелата има амбиции за првото место и пласман во повисок ранг на натпреварување.
„Верувам дека на секоја одбојкарка и е сон да игра во италијанскиот шампионат. Едноставно овде женската одбојка е на највисоко можно ниво, конкуренцијата е огромна, а за квалитетот воопшто и не треба да говорам. Едноставно играњето во Италија, за мене е исполнување на животниот сон“, вели Пандева, за СПОРТ+.МК.
Инаку Елена потекнува од спортско семејство. Нејзината мајка (Јасминка) е поранешна одбојкарка, а двајцата браќа, Димитар и Филип се членови на двата клуба на МЗТ Скопје.