Екипата на Пелистер забележа победа над Работнички со 79-88 во последниот натпревар со кој беше комплетирана 13-тата рунда во Првата машка кошаркарска лига.

Откако гостите фуриозно го започна мечот и во петата минута имаа убедливи 20-4, предност од 16 поени разлика со која го завршија првиот период, во второто далеку подобра на домаќините. Работнички ја доби четвртината (26-18) и на пауза замина со само четири негатива (42-46). Речиси сита слика и во третиот период. Пелистер два пати имаше +11, но во последниот период влезе со само 2 поени предност (66-64). Но, искусниот тим на Пелистер, не им дозволи на домаќините да направат комплетен резултатски пресврт, па добивајќи ја последната четвртина со 22-15 на крајот заслужено се радуваа на победата со конечни 88-79.

Најефикасен во победничката екипа, но и на натпреварот беше Американецот, Карпентер со 30, поени, додека неговиот сонародник и соиграч Карутер придодаде 18. Кај поразените, Малешевиќ средбата ја заврши со 20 , додека дабл-дабл учинок имаа Американецот, Форте со19 поени и 11 скокови, односно Филип Бакоќ кој средбата ја заврши со по 11 поени и скокови.

Со оваа победа, Пелистер се врати на второто место на табелата со 23 бодови, еден помалку од лидерот МЗТ Скопје, односно еден повеќе од Гостивар. Работнички кој има 20 бодови постана на шестата позиција зад ТФТ, Феникс и Еуро Никел кои имаат по 21 бод,

Со ова е комплетирано 13-коло, а во следното Пелистер во недела игра пред својата публика со аутсајдерот Академија ФМП, додека во понеделник му Работнички гостува на МЗТ Скопје Аеродром во вечното дерби.