Новинарот Фабрицио Романо објави ,,трансфер бомба” со која обзнани дека репрезентативецот на Италија и член на Челзи, Жоржињо ќе се пресели во Арсенал.
Според информациите кои ги објави Фабрицио Романо, Арснеал и Челзи постигнале договор за трансфер вреден 12 милиони фунти, а Жоржињо ќе стави потпис на договор до 2024, со можност за продолжување на уште една година.
Трансферот е договорен во текот на вчерашниот ден, а според реномираниот новинар веќе се закажани и медициснките прегледи, па се чека само официјализација.
Жоржињо во Челзи дојде во 2017 година од редовите на Наполи во трансфер вреден 57 милиони евра.
Со овој трансфер Арсенал добива големо засилување на патот кон титулата.
Jorginho to Arsenal, here we go! Deal agreed on £12m fee, Chelsea accept conditions and documents are being prepared 🚨⚪️🔴 #AFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2023
Personal terms agreed, contract until 2024 with option further year.
First contact revealed yesterday night — medical booked.
Arteta, key factor. pic.twitter.com/JHm1rMTzxw