Тимот на Рајо Ваљекано, забележа важна победа кај Виљареал на гостински терен во рамки на 19-тата рунда во Примера. Стрелец на победничкиот гол беше Серхио Камело, во 70-тата минута од натпреварот.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше најдобар поединец во гостинските редови, а со неколку фантастични одбрани буквално ги излуде домашните играчи.
Со оваа победа Рајо дојде на 29 бода и само два помалку од вечерашниот противник Виљареал и Бетис кои имаа 31, на позициите 5 и 6 кои водат во европа.
🎥 @Dimitrievski1 ⛔️#VillarrealRayo #LaLigaHighlights pic.twitter.com/ZQJq4hiZhO
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) January 30, 2023