Репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал откако во „малото финале“ го совлада европскиот првак Шведска со 39:36 (15:19). Ова за „црвената фурија“ е трет бронзен медал на светските првенства, а Шведска исто како и пред 12 години остана без медал на Мундијалот на кој беше домаќин.
Шведските ракометари доминираа во првиот дел и имаа предност од четири разлика на полувремето со 19:15. Но, второто полувреме почна во знакот на Шпанија која за 10-тина минути успеа да поведе со серија од 5-0. Предноста Шпанците ја одржуваа до последните 10 минути, кога и за првпат поведоа со четири голови предност.
Ова за Шпанија е трет бронзен медал, а Шпанците со оваа победа ја одбранија бронзата освоена на претходното првенство.
Најефикасни на дуелот беа Фигуерас со 9 голови кај Шпанија и Ване со 9 голови кај Шведска.
Голманите на Шведска Паличка и Тулин имаа 13 одбрани, Шпанците Де Варгас и Коралес 9.