Кошаркарите на Пелистер, во драматична завршница забележаа нова, значајна победа во регионалната АБА2 лига.
На турнирот што се игра во Бања Лука, а во натпревар од 9-тото коло, пелистерци го совладаа црногорскиот претставник Сутјеска со 77-75.
Утре во првата четвртина избраниците на тренерот Марјан Илиевски најавија дека ќе одат на триумф, па периодот го добија со 9 поени разлика (25-16), на кои во втората четвртина придодадоа уште 6 (18-12), за на одмор да заминат со убедлива предност од 15 поени (43-28).
На стартот на последната четвртина Пелистер имаше и највисоки 19 поени предност, но ми дозволи на противникот, на 3,4 секунда пред крајот да стигне до израмнување (75-75)
Македонскиот репрезентативец Маслинко на 2,5 секунди со две погодени слободни фрлања, го постави конечниот резултат 77-75 и му донесе триумф и радост на нашиот тим.
На Американецот, Карпентер му недостасуваше еден скок да оствари дабл-дабл, па средбата ја заврши со 25 поени и 9 скокови, додека ветеранот Караџовски со 16 поени беше втор стрелец.
За Пелистер ова беше шестата победа со која е на делба од четвртото до шестото место на табелата со Златибор и Сутјеска, но што е поважно, е и чекор поблиски до пласман во плејофот.
Веќе во недела (од 12 часот) Пелистер ќе го игра и дербито на 10.коло против директниот конкурент Златибор.