Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас ќе играат во машкото финале на Австралија опен откако во полуфиналните мечеви ги совладаа своите ривали. Ѓоковиќ за два часа и 20 минути игра го совлада Американецот Томи Пол (35.АТП на ранг листата) со 3-0 во сетови (7:5; 6:1 и 6:2). Неизвесност имаше само во првиот сет кога по водството на Ѓоковиќ од 5:1 во сетови ривалот изедначи на 5:5.
До крајот на мечот од одиграни 17 гема – српскиот тенисер освои 14.
Со оваа победа Ѓоковиќ доби шанса да игра во финалето и да се бори за 10.тиот пехар во Мелбурн.
Негов ривал ќе му биде Стефанос Циципас од Грција, кој со 3-1 во сетови го победи Карен Качанов за три часа и 20 минути.
Првите два сета му припаднаа на Циципас со 7:6 (7:2) и 6:4, а следниот го доби Качанов со 7:6 (8:6), а решавачки беше четвртиот сет со 6:3.
Во утрешното финале кај жените ќе играат Елена Рибакина од Казахстан и Арина Сабаленка од Белорусија.