Иако турнирот во Бања Лука го дочекаа со две врзани победи, кошаркарите на ТФТ сега врзаа два пораз.
Пред два дена загубија од словенечката екипа Шенчир, за која тоа беше прва победа во лигата, а попладнево ТФТ е совладан и од Широки Бријег.
Тренерот Боро Смилковски смета дека една од причините е индивидуалната игра, која сигурно не носи добри резултати.
„Не знам ниту само во овој момент што се случи. Имавме добро прво полувреме. Во второто бевме дефокусирани. Кога тргна резултатот на лошо за нас, сите индивидуални се обидуваа да ги решаваат ситуациите, ни недостасуваше тимска игра. Со таква игра не можете да барате позитивен резултат во дуелот со екипа каква што е Широки“, изјави по натпреварот Боро Смилковски, тренерот на ТФТ.
Можност “поправен“ екипата на ТФТ ќе има во сабота (12 часот) во дуелот со Осиек, екипа која е зад ТФТ на табела со една победа помалку.