Нема многу време за одмор, особено за екипите кои имаат свои обврски и надвор од границите на Македонија. А тоа се однесува, пред се, за бранителот на титулата МЗТ Скопје.

Екипата од Аеродром, вечерва во Гостивар, ќе го одигра својот натпревар од 13.првенствено коло, против екипата која е една од ретките (домашни), која славела победа во СЦ „Јане Сандански“.

Тоа ќе биде и дополнителниот мотив за аеродромци на ова гостување, против екипата која се соочува со сериозни проблеми, односно отсуство на неколку играчи, што беше забележливо и на претходниот меч во Битола, кој гостиварци го загубија убедливо.

За тренерот Љупчо Малинков во овој момент е најважно да ја комплетира екипата во која недостасуваа некои важни играчи како Корсантиа, Митевски и Лефкоски, но и доста поголем простор за воигрување на новиот играч на бековската позиција, Кахлон Витли.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ 13.КОЛО
25.јануари (среда)     19.00: ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А.
28. јануари (сабота)   17.00: АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС
29.јануари (недела)   18.00: СТРУМИЦА – КОЖУВ
                                 19.00: КУМАНОВО – ЕУРО НИКЕЛ
31.јануари (вторник) 19.00: ТФТ – ЧАИР
1.февруари (среда)   17.00: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР