Репрезентацијата на Македонија попладнево ќе го игра последниот натпревар на Светското првенство во ракомет, а противник ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореја во дуел за 27.место во рамки на „Президент купот“. Против истата репрезентација Македонија играше и натпревар за пласман на СП 2009 година во Загреб кога нашата репрезентација победи со 32:31. Почетокот на дуелот е во 18 часот.
Покрај овој натпревар во Плоцк се играат и другите дуели за пласман од 25 до 32.место, а двојките се:
13:00 часот Уругвај – Алжир (за 31.место)
15:30 часот Саудиска Арабија – Мароко (за 29.место)
20:30 часот Чиле – Тунис (за 25.место)