,,Милионерите” со гол во финишот дојдоа до значајна победа против Мајнц 05 со 1-2, и фатија приклучок во борбата за највисоките позиции во Бундес лигата.
Натпреварот почна лошо за избраниците на Алдин Терзиќ, откако Ли Је Сунг уште во втората минута донесе предност за Мајнц. Меѓутоа радоста на домаќините траеше кратко, само две минути подоцна Јулијан Рерсон погоди за 1-1, резултат кој остана непроменет до крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме и двата тима се обидуваа да дојдат до победата, но немаше некои посериозни закани по голманите. Ситуацијата се смени во самиот финиш на натпреварот, кога Џовани Рејна, во 93-тата минута погоди за голема радост на гостинските навивачи и победа на својот тим со 1-2.
Со оваа победа Борусија дојде до 31 бод, само пет бода помалку во однос на лидерот Баерн.