Американката, Микаела Шифрин стигна до својата 83-тата победа во Светскиот куп во алпско скијање.

Таа триумфира на велеслаломската трката во италијанскиот Кронплац, со што сега ја мина својата легендарна сонародничка Линдзи Вон, која поради бројните повреди, пред 4 години предвреме ја заврши кариерата.

Шифрин сега има една победа повеќе од Вон (82), но таа младата Американка сега има и нова цел.

Таа ќе атакува да го собори апсолутниот рекорд на легендарниот Швеѓанец, Ингемарк Стенмарк, кој во десетте сезони минати во Светскиот куп оствари 86 победи.

Првата можност да се доближи до Швеѓанецот, Шифрин ќе ја има веќе утре, кога на истото место повторно се вози велеслалом.