Црните денови за Шалке продолжуваат. Тимот од Гелзенкирхен доживеа вистински дебакл на домашен терен, откако загуби од Лајпциг со убедливи 1-6.
Андре Силва и Хедрикс уште до 15 минута донесоа предност од 0-2 за гостинскиот тим. Ваквиот ритам продолжи и до крајот на полувремето, а со вториот гол на Андре Силва и Тибо Вернер, резултатот беше 0-4 на полувреме.
Козуку намали на 1-4, во 55-тата минута, но тоа беше единственото што тимот на Шалке го направи.
,,Биковите” беа немилосрдни, па преку Олмо во 83-тата минута и Поулсен во 89-тата дојдоа до убедливи 1-6.
Со оваа победа Лајпциг дојде на три бода негатива во однос на лидерот Баерн, додека пак Шалке е закован на дното со само 9 бода.