Медведев и Сикари го завршија настапот во Мелбурн
Нема ден, а да не биде елиминиран некој од носителите на турнирот во Мелбурн, каде се одржува првиот овогодишен Грен-слем, Австралија опен.
Данил Медведев кој лани играше во финалето на Австралија опен, го заврши својот настап во третата рунда. Русинот загуби во три сета од Американецот, Себастијан Корда.
Изненадување приреди и Чехот, Лехечка кој по голема борба и пет сета го елиминира 11-носител Британецот, Нори
Така (3-носител) Стефанос Циципас се пласира во осминафиналето откако по три сета со 6-2, 7-6, 6-3 го совлада Холанѓанецот Талон Грикспур. Гркот, во осминафиналето ќе игра против Италијанецот, Јаник Синер, кој играше пет сета во мечот со Унгарецот, Мартон Фучович
(6) Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим со 3-1 го доби, Аргентинецот, Франциско Серундоло.
И кај дамите, фаворитките немаа проблеми.
Најдобрата светската тенисерка и број еден во Мелбурн, Ига Швјонтек од Полска експресно за 55.минути ја совлада Кристина Букса од Шпанија препуштајќи и само еден гел (6-0 и 6-1), па по осминафиналето ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан, која во три сета ја совлада Американката, Даниел Колинс.
(3-носителка) Американката, Џесика Пегула со победата во два сета над Украинката, Костјук избори осминафиналето во кое за противничка ќе игра Барбора Крејчикова од Чешка.
Американската пресметка меѓу Коко Гоф и Бернарда Пера и припадна на седмата носителка Гоф со 6-3, 6-2, која во следната рунда за противничка ќе ја има Јелена Остапенко од Летонија,
Белорусинката, Викторија Азаренка која годинава е дури 24-то рангирана во Мелбурн во три сета ја доби 10-носиталка Американката, Медисон Кејс која го доби првиот сет со 6-1, но следните два ги загуби со 6-2 и 6-1.
За денот да не мине без изненадувања се погрижи Жу Лин од Кина која ја елиминира 6.тата носителка Марија Сакари од Грција совладувајќи ја со 2-0 во сетови