Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Ердал Ракип, се пресели во Туриција, во редовите на суперлигашот Анталијаспор.
Откако по истекот на договорот на крајот на 2022 година, не успеа да се договори со неговиот доскорашен клуб, Малме, Ракип, се одлучи да ја прифати понудата на Анталијаспор и да потпише договор на 2,5 години.
Играчот за врска, вели дека одлично се вклопил во новата средина и верува дека направи добар избор
„Верувам дека ќе имам успешен период во мојата кариера. Од денот кога дојдов тука, убаво се чувствувам. Подготвен сум да дадам свој придонес за тимот да има шпто подобри резултати“, рече Ракип
Инаку Ракип неодамна соопшти дека повеќе нема да го прифаќа повикот на селекторот Благоја Милевски затоа што како што тој кажа, не се чуствува дел од тимот.