Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја забележа и втората победа на фјучрсот во Монастир, Тунис. Тој во второто коло го победи Никола Темак од Франција со 2-0 во сетови.
Првиот сет македонскиот тенисер го доби со 7:6 во тај брекот беше 8-6 на поени. Вториот сет Ивановски го доби со 6:4, но мечот во овој сет беше во прекин поради дожд при резултат 4:3 за Ивановски.
Македонецот во четвртфиналето утре ќе игра против првиот носител Французинот Робин Бертран.