Нема „зимски одмор“ ниту за селекцијата на играчи родени 2007 година (и помлади), затоа што почетокот на оваа седмица, означи и своевидно продолжение на активностите на уште една наша машка репрезентација.
Онаа на играчи родени 2007 година (и помлади), која ќе има доста обврски во оваа календарска година, а ќе бидат заокружени со настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, за кошаркари „под 16“ години кое ова лето ќе се одржи во нашиот главен град, Скопје.
Во периодот до 22. јануари, тренинзите под водство на селекторот Александар Јованчев, и неговите асистенти, ќе се реализираат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.