Веќе станува пракса, српскиот репрезнетативец Никола Јокиќ, речиси на секој трет натпревар да има трипл-дабл учинок.

До својот 13-ти ваков учинок сезонава, Јокиќ стигна на синоќешниот меч против Портланд кој Денвер го доби со 122-113.
Србинот средбата ја заврши со 36 поени, 12 скокови и 10 асистенции, со што Денвер повторно се врати на врвот на табелата во Западната конференција со една победа повеќе од Мемфис.

Тимот на Бруклин повторно влегува во криза. „Нетси“ кои лоша ја започнаа сезоната, се вратија во ритам и имаа 9 победи во низа, сега се во серија од три порази едно по друго. Без тандемот Дурант-Ирвинг, Бруклин загуби на гостувањето кај Сан Антонио со 106-98.

Затоа пак отсуството на Јанис Антетокумпо не му пречеше Милвоки да оствари победа пред своите симпатизер над Торонто со 130-122, натпревар во кој ВалВелт кај гостите постигна 39, а Холидеј за домаќините 37 поени.

Во последниот синоќешен натпревар одигран во Лос Анџелес, гостите од Филаделфија славеа над „Клиперси“ со 120-111, дуел во кој Џоел Ембид постигна 41 поен, а имаше и 9 асистенции.