Интер целосно го надигра градскиот ривал Милан и сосема заслужено го освои Суперкупот на Италија. (3-0)
„Нероаѕурите“ преку Федерико Димарко уште во десеттата минута го отворија резултатот и навестија дека вечерва се дојдени по победа.
Един Џеко во 20-тата минута зголеми на 2- 0, а со тој резултат се замина и на полувреме.
Милан иако имаше повеќе од поседот на топка, никако не успеваше да го најде патот до мрежата на Онана.
Прашањето на победникот го затвори Лаутаро Мартинез кој во 77-та минута ги постави конечните 3-0.
Победата во Суперкупот е седма титула за Интер во оваа натпреварување, а трета за Симоне Инзаги на клупата на „Нероаѕурите“
Ова беше 234-та пресметка на градските ривали во сите натпреварувања, а Интер дојде до 86-тата победа.