Македонскиот репрезентативец во редовоите на Удинезе, Илија Несторовски, влезе во игра во 84-тата минутна од натпреварот, но не успеа да помогне неговиот тим да го избегне поразот од Болоња (1-2).
Тимот на Удинезе отвори одлично, и со голот на Бето дојде до водство уште во десеттата минута, резултат со кој двете екипи заминаа на полувреме.
Во вториот дел Болоња беше поконкретна, па најпрвин преку Сансоне во 59-тата минута дојдоа до израмнување, за Стефан Пош, во 80-тата минута да донесе целосен пресврт и победа на тимот од Болоња.
Илија Несторовски не ужива голема доверба кај тренерот Андреа Сотил, па најчесто добива шанса во финишот на натпреварот, а на девет средби оваа сезона има постигнато само еден погодок