Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првиот настап на турнир во 2023 година успеа да стигне до финалето. Таа денеска во полуфиналето на фјучрсот во Талин, Естонија (награден фонд 40.000 долари) ја победи Зејнеп Сомнез од Турција со 2-0 во сетови. Првиот сет нашата тенисерка го доби со 6:3 во гемови, а вториот со 6:2 за 63 минути.
Утре во фиалето Ѓорческа ќе игра против Јанина Викмаер од Белгија која ја победи Турчинката Берфу Џенгиз со 2-0 во сетови. Ѓорческа на овој турнир е рангирана како трета носителка.