Единствениот женски македонски претставник на европската ракометна сцена, младиот тим на Ѓорче Петров забележа победа над полскиот тим Јарослав во првиот меч од осминафиналето на ЕХФ Купот.
На средбата одиграат вечерва во салата Автокоманда, Ѓорчепетровки славеа со 27-26.
Популарните „Лавици“ од Ѓорче, добро го започнаа мечот и во 13-минута имаа 3 голови предност (8-5). Но, им дозволија на гостинките од Полска да направат мини серија, и да го израмнат резултатот (8-8). До крајот на првиот дел ниту една од екипите не успеа да направи предност, па заври нерешено 14-14.
И во второто полувреме иста слика. Ѓорчепетровки во два наврати имаа три голови предност (19-16 и 20-17). Но. Следуваше пад во играта на нападот, па гостинските се вратија во игра и да израмнат на 21-21.
Сепак до крајот на мечот, нашите ракометарки успеаја да ја сочуваат предноста и да забележат победа со конечни 27-26.
Милица Николиќ со 11 голови беше најефикасна на натпреварот и во нашиот тим за кој Катерина Дамјановска и Ана Марија Коларовска придодадоа по пет гола.
Така со еден гол предност, Ѓорчепетровки ќе влезат во реваншот закажан за утре од 18 часот, повторно во салата Автокоманда во Скопје.